1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Инциденти во Рим

5 април 2007

Лига на шампионите: Победа на Рома, Челзи дома одигра нерешено

https://p.dw.com/p/AegK

Во синоќешните натпревари од четвртфиналето на фудбалската лига на шампионите Челзи и Валенсија одиграа нерешено 1 спрема 1, додека Рома го победи Манчестер јунајтед со 2 спрема 1. Голема сенка врз средбата во Рим фрлија тешките инциденти.

20 повредени, двајца Англичани сериозно ранети со убоди со нож – но вон животна опасност – тоа е билансот на безредијата, кои според наводи од полицијата почнале на еден час пред натпреварот. Тогаш 300 пијани англиски хулигани провоцирале тепачка со италијанските навивачи и со полицијата, која употребила гас-солзавец. Потоа и на самиот стадион дојде до борби меѓу ривалските групи, сега предизвикана од провокации на приврзениците на Рома. Полицијата во интервенцијата против Англичаните употреби палки.

Денешните британски весници за хаотичните ситуации ја обвинуваат италијанската полиција и и’ префрлуваат за бруталност во постапувањето со Англичаните. Фактички предизвикувач на инцидентите е недозволеното точење алкохол. И покрај полициската забрана, во локалите околу стадионот им бил продаван алокохол на англиските навивачи. Полицијата поднесе пријави против повеќемина сопственици на кафулиња.

На обата клуба им се заканува казна од УЕФА, која поведе истрага за настаните. Откако ќе стигнат официјалните извешртаи од средбата, УЕФА ќе донесе решение околу поведување дисциплинска постапка.

Мецелдер во Реал Мадрид?

Играчот на Борусија Дортмунд и германски репрезентативец Кристоф Мецелдер, според пишувањето на шпанскиот весник “Ас” ќе прејде во редовите на Реал Мадрид. Мецелдер наводно треба да потпише петгодишен договор со славниот шпански клуб.