1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Интерпол се вклучува во аферата со опасните силиконски имплантати

24 декември 2011

Меѓународната полициска организација издаде налог за апсење на основачот на фирмата за силиконски имплантати ПИП. Се смета дека 72- годишниот Жан Клод Мас е во Костарика, се вели на интернет страницата на Интерпол.

https://p.dw.com/p/13YtB
Фотографија на Жан Клод Мас објавена на страницата на ИнтерполФотографија: picture-alliance/dpa

Во скандалот со силиконските имплантати, опасни по здравјето, француските власти вчера (23.12.2011) им препорачаа на околу 30 илјади засегнати жени да ги отстранат силиконските имплантати на фирмата ПИП од градите. Ова е препорачливо, иако засега не утврден зголемен ризик од рак, соопшти француското министерство за здравство. Една ваква државно иницирана акција во областа на пластичната хирургија за разубавување немало никогаш досега. За најголем дел од имлантатите за гради француската компанија ПИП користела евтин силиконски гел, а не скапиот медицински гел. Од 2010 година фирмата повеќе не постои.

Frankreich Brustimplantat von PIP
Опасните имплантати на ПИПФотографија: dapd

Денеска Меѓународната полициска организација - Интерпол, се вклучи во скандалот издавајќи меѓународен налог за апсење на основачот на фирмата ПИП, Жан Клод Мас.

72-годишниот Мас, чии податоци со фотографија се објавени на интернет страницата на Интерпол, е ставен на списокот лица по кои трага меѓународната полиција во Костарика поради обвинувања за загрозување на „животот и здравјето“.

Автор:СН/ЕМФ/дпа/афп/миа

Редактор: Е. М. Фиданоска