1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Интервју сo Владо Бучковски, премиер на Република Македонија

9 јуни 2005

Шансите на Македонија при проширувањето на ЕУ, конечниот статус на Косово, економската соработка со Германија - се трите клучни теми во интервјуто

https://p.dw.com/p/AcEp
Владо Бучковски со Герхард Шредер пред стаклената купола на Бундестагот во Берлин
Владо Бучковски со Герхард Шредер пред стаклената купола на Бундестагот во БерлинФотографија: dpa

Зачленувањето во ЕУ беше една од главните теми за време на вашите разговори во Берлин . Дали позицијата и опозицијата во Германија имаат различни ставови по прашањето, дали Македонија односно целиот Западен Балкан има шанси, откако Франција и Холандија рекоа не за ЕУ Уставот?

Бучковски- „Она што за мене е битно, е кој е официјалниот став на Берлин, не пријудицирајќи какви ќе бидат резултатите од следните парламентарни избори во Септември оваа година. Во кампањата многумина ќе кажат многу работи со предизборни, изборни цели. Каква ќе биде официјалната политика на Берлин при евентуалната смена на власта ќе видиме. Но во секој случај мислам дека ова се стари демократии, ова се држави кои не го менуваат својот однос кон конкретните држави како што е Македонија, без разлика кој ќе биде победник на идните парламентарни избори во Германија.

Госпоѓата Ангела Меркел како лидер на опозицијата и според многумина како фаворите на изборите, потврди дека еден од приооритетите на Германија и натаму останува Југоисточна Европа, посебно Западниот Балкан од разбирливи причини. Нивното присуство на Балканот со свои војници и во Босна и Херцеговина и на Косово наметнува делот на нивната надворешната и безбедносна политика да зависи од развојот на настаните.

Затоа за мене беа посебно интересни обсервациите кои ги правеше канцеларот Шредер кој говореше дека многумина кои сметаат дека премногу се вложува во Балканот со присуството на воените сили треба да пресметаат дека, за да го заменат нивното присуство со реална политика која ќе ги отвори вратите на целиот регион кон НАТО и ЕУ на крајот кога ќе се сведат сметките че излезе многу поевтино за нив. Верувам дека ќе продолжи јасно изразената политика посебно за државите од Балканот.

Каков ќе биде односот на германската позиција и опозиција кон прашањето со Турција мислам дека тоа е друго прашање. За Балканот сспоред моите денешни импресии сметам дека не постојат големи разлики помеѓу позицијата и опозицијата, СПД ( Социјалдемократите) и ЦДУ( Христијанско-демократската унија)„

Беше констатирано дека Македонија е фактор на стабилност на Балканот, меѓутоа горливото прашање и решавањето на статусот на Косово сеуште е и за германците проблем. Дали од денешните ваши разговори свативте каде оди визијата на Германија за решавање на овој проблем?

Бучковски- „Мислам дека визијата која ја имаат сите преставници на меѓународата заедница оди во насока, дека тоа ќе бидат два паралелни процеса. Приближување на Косово кон независност, однсоно стартување со некој вид условна независност, а од друга страна брзо приближување на Србија и Црна Гора кон ЕУ.

Ако успешно се водат двата паралелни процеса во ист момент кога би се реализирала едната или другата цел, се ќе стане ирелевантно. Во обединета Европа веќе границите нема да бидат важни, а на крајот имам чувство дека овие средби не охрабруваат дека Република Македонија многу повеќе ја ценат во овој момент и „виза ви„ косовското прашање и тоа ние треба вешто, пред се нашата надворешна политика да го искористи, затоа што станува јасно дека одамна не сме добивале такви комплименти на отворена сцена како што беше на прес конференцијата со канцеларот Герхард Шредер, на која беа искажани некои констатации кои веројатно ние преокупирани со домашните,со економските проблеми не ги гледаме.

Секојпат однадвор појасно се гледа улогата која може да ја има една мала Македонија. Во овој момент се гледа дека е таа еден конструктивен играч, во големата игра која се подготвува околу евентуалниот финален статус на Косово

По разговорите со канцеларот Шредер имавте разговори со Ангела Меркел и стопанственици од гераманската индустриска комора. На што беа сконцентрирани прашањата од присутните?

Бучковски-„ Сите се интересираат за перспективите на Македонија. Јасно е дека предуслов за да можеме да правиме бизнис и економија, е да ги увериме дека Македонија е политички стабилна и безбедна држава. По завршување на присуството на мисиите на НАТО во Македонија и по периодот на имплементација на Рамковниот договор ги исполнуваме двата предуслова, да можеме сега да бидеме бизнис дестинација која ја посакуваат странските инвеститори.

Дали во тоа ќе успееме многу ќе зависи од начинот на кој ќе ја промовираме Македонија. Многумина од стопанствениците и во комората и овде во Комерц банката прв пат слушнаа за некои бенефиции кои ги дава Република Македонија. Тоа значи дека многу повеќе треба да имаат работа. нашата агенција за привлекување на странски инвестиции и нашите економски атешеа, нашето министерство за економија, бидејќи странските инвеститотри самите нема да дојдат.

Ние мора да одиме по нив, да ги бараме нудејќи ги најдобрите можности што во овој момент можат да се понудат веројатно во регионот потенцирајќи дека Македонија не е мал пазар, само два милиони жители. Со потпишаните договори за слободна трговија, ние сме еден пазар од близу 100 милиони популација што дава реална можност да псоакаме некои од големите германски брендови да бидат странски инвеститори во РМ.

Nada Steinman