Интерактивен шкаф за облека
31 јануари 2014Мартина од Бремен е бизнисменка и е добро организирана. Само едно прашање ја мачи секое утро - што да облечам денеска?
Нејзиниот пријател Себастијан Бајнс можеби има решение. Тој го создаде Мун, ап за шкаф за облека. Апот ги знае сите термини и временската прогноза и потоа предлага што да се облече. Но, дали дигиталниот советник има вкус?
„Да, тој има вкус, кој се базира на познатите правила за облекување, се раководи од наједноставни правила - колку шари смеат да се комбинираат, кои бои одговараат една со друга. Сето ова може и натамошно да се подобри - системот и натаму е отворен за развој“, вели Себастијан.
„За апот да знае каква облека имате, секое парче мора посебно да се фотографира и на системот да му се каже дека една блуза е блуза. А, за дигиталниот шкаф за облека да го направи изборот, постои мала техничка помош.
„Системот преку приемник распознава која облека е во шкафот со помош на мала жичка, која има улога на баркод“.
Значи, во апот се крие многу техника, која нуди и ваква префинетост: каде да ја најдете крпата ви покажува светлосен сигнал. Апот може да им користи првенствено на оние со богата гардероба.
„Ова не е масовен производ. Целна група за која го развивме се богатите луѓе, зашто на тој начин можеме да добиеме најмногу пари за хардвер и за целосна опрема и да вршиме истражувања, по што целата работа можеме да ја пренесеме и на други целни групи“.
Ако се очекува дожд, дигиталниот шкаф за облека на Мартина не и‘ предлага лесни чевли, туку задолжително носење чадор. Штета што апот Мун досега е само еден прототип.