1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Интеграција на странските лекари во Германија

Сузане Бројл/ Жана Ацеска9 август 2013

Лекарскиот синдикат Марбургер бунд предупредува од ризик по пациентите поради ситуацијата во болниците во Германија. Моментно во клиниките се непополнети 12 илјади лекарски места.

https://p.dw.com/p/191ww
Фотографија: Ralph Lorenz

Поради недоволниот персонал, многу лекари работат прекувремено или се вработуваат странски лекари. Нивниот удел, според информациите на Здружението на директори на болниците на Германија, е над 50 проценти. Во Германија во меѓувреме ординираат преку 32 илјади лекари од странство, двојно повеќе отколку пред десет години.

Во Весткистен-клиниката во Шлезвиг-Холштајн без нив секојдневието веќе нема да функционира. Секој шести вработен медицинар овде доаѓа од странство - од Летонија, Нигерија, Авганистан, Бугарија или Палестина. Тие мора брзо да се прилагодат на нормалното работно секојдневие. Пабло Торо Нието, лекар-асистент од Шпанија е овде од пред 5 месеци, а веќе 8 месеци учи германски.

„Се разбира, тешко е. Овде во Шлезвиг-Холштајн се зборува дијалект, а понекогаш и литературен германски. Тешко е, но постепено, и јас можам да го правам тоа.“

Овде досега немало грешки во третманот на пациентите поради јазични проблеми на странските лекари. Во клиниката прават се‘ за тоа да се спречи. Но, тоа одзема многу енергија, време и пари, истакнува проф Фриц Зикстус Кек, главен лекар во Весткистен-клиниката

„Има проблеми за кои мора да се разговара. Новодојдените странски лекари добиваат посебна улога. Кон нив се постапува особено љубезно и услужно. Мораме да им се прилагодуваме на сите и да градиме заеднички тим. Оваа создавање тим, според мене, е главниот проблем и главната задача.“

Клиниката организира јазични курсеви за странските лекари. Додека тие не научат добро германски, товарот паѓа врз германските колеги - од болничките акти, до разговорите со пациентите.

Stefanie Klenk Leiterin Kinderkrankenhaus Bibliothek Schwabing
Фотографија: Münchner Stadtbibliothek

„Имаме и културолошка програма. Некои колеги доаѓаат од области каде постојат поинакви видови на соработка, меѓу маж и жена и меѓу претпоставените и подредените, сето тоа мора да се уигра, да се извежба, за да функционира добро и да биде според правилата кои сите можат да ги прифатат“, вели професор Зикстус Кек.

Клиниката троши половина милион евра годишно за придобивање нови лекари. На тоа се надоврзуваат и трошоците за обука и за натамошно доусовршување.

Харалд Штендер, директор на Весткистенклиник објаснува:

„Мислам дека не може да е задача на нашата болница, да се подготват лекарите за натамошно образование кај нас во клиниката. Тоа е општа политичка задача. Тоа треба да биде финансирано од покраините, односно од федерацијата, преку соодветна подготовка. Ние се чувствуваме делумно оставени сами на себе“.

За многу клиники тоа е преголем предизвик. Затоа Лекарска комора бара воведување јазични курсеви и стручни испити во целата држава.

Франц -Јозеф Бартман, претседател на Лекарската комора на Германија:

„Во САД во принцип секој лекар кој доаѓа од странство мора да положи државен испит. Можам да разберам, зашто кај лекарите кои во трети земји положиле усен лекарски испит, никогаш не можеме да бидеме сигурни дали стручните знаења всушност одговараат на нашите претпоставки за сигурност на пациентите“.

Во оваа клиника по десетина години ќе преовладуваат лекари од странство. Мора итно да се дејствува, за доброто на пациентите.