1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Индустриските земји бараат повеќе нафта

БГ/ап/ртр29 август 2012

Седумте најразвиени индустриски земји бараат зголемување на производството на нафта. САД размислуваат и за употреба на стратешките резерви за да спречат поскапувања

https://p.dw.com/p/15z54
Фотографија: AP

Министрите за финансии на „Групата 7“ Г-7, ги повикаа земјите-произведувачи на нафта да го зголемат производството поради сериозниот ризик високите цени на нафатата да ја запрат светската економија. Цената на барел сирова нафта на берзата во Њујорк синоќа достигна 96 долари, за разлика од крајот на јуни годинава кога беше постигната најниската цена годинава од 77 долари за барел.

Во заедничката изјава која ја објави американското министерство за финансии, министрите оценуваат дека растечките цени на нафтата ги одразуваат геополитичките проблеми и проблемите со снабдувањето со сирова нафта.

Цената на нафтата порасна по новиот блок санкции кои му беа воведени на Иран, што доведе до загуба од еден милион барели нафта дневно, а дополнително и ураганот „Ајзак“ го запре производството во Мексиканскиот залив.

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама најави дека е можно да ги искористи потенцијалите од стратешки државни резерви за да ги одржи цените на пониско ниво.