1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Индија тагува по починатата силувана студентка

ЖА/дв/дпа/дапд/афп30 декември 2012

Цела Индија тагува-телото на силуваната студентка е донесено во Њу Делхи и кремирано. И генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изрази огорченост поради злосторството.

https://p.dw.com/p/17BI5
Фотографија: picture-alliance/dpa

Ковчегот со телото на младата жена со авион изнајмен од владата е пренесен од Сингапур во Њу Делхи, изјави портпарол на полицијата. Во Сингапур 23-годишната студентка беше на лекување во специјална клиника, но сепак им подлегна на тешките внатрешни повреди.Нејзината судбина во Индија предизвика без и жестоки протести. Вчера илјадници луѓе јавно тагуваа и демонстрираа за поголеми права на жените. И за денеска се очекуваат бројни протести.

Indien/ Vergewaltigung/ Sarg/ Opfer
Телото на жртвата беше пренесено во Њу ДелхиФотографија: Reuters

Индинскиот премиер Манмохан Синг и шефицата на владејачката Конгресна партија, Соња Ганди беа на аеродромот за да го пречекаат авионот со телото на починатата студентка, како што јави државноот радио. Со него се вратиле и родителите и двајцата браќа, кои последните часови ги поминале покрај несреќната жена. Таа е кремирана во нејзиното родно место.

На 16 декември студентката беше силувана во автобус од повеќе мажи, малтретирана со метална шипкаи гола фрлена од автобусот во движење. Шестмината извршители ќе бидат обвинети за убиство, ним им се заканува смртна казна. Пред да биде испратена во Сингапур, студентката дала изјава за полицијата, која ќе биде употребена пред суд.

Indien/ Vergewaltigung/ Proteste
Протестите не стивнуваатФотографија: Reuters

И генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изрази длабока жал поради смртта на „ќерката на Индија“, како што ја нарекуваат индиските медиуми. Истовремено тој најостро го осуди злосторството:

„Насилството против жените не смее да се прифаќа, да се оправдува и толерира“, севели во неговото соопштение.

Властите во Индија се подготвуваат за нови протести. Според полициски извори, владиниот кварт и натаму останува блокиран. За собири на демонстрантите се предвидени две локации. Вчера илјадници луѓе излегоа на мирни протести во многу градови, палејќи свеќи во спомен на жртвата.