1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ингушија судири

22 јуни 2004

Најмалку 48 лица ги загубија своите животи, во синоќешните синхронизирани напади во неколку градови во руската република Ингушија, во близина на границата со Чеченија

https://p.dw.com/p/AcMq

Одговорен за нападите во кои загина и вршителот на должноста министер за внатрешни работи Абукар Костојев, се смета Шамил Басаев

Во нападите, кои според информациите од министерството за внатрешни работи ги извеле 200 добро вооружени бунтовници загинале 18 припадници на силите за безбедност и 28 цивили, како и министерот Абукар Костојев.

Бунтовничките напади против силите за безбедност се одвивале во најмалку три града во Ингушија, цел на нападите била и зградата на министерството за внатрешни работи во Назран, во која за време на борбите кога избило и пожар, се наоѓал загинатиот министер Костојев.

Портпаролот на министерството за внатрешни работи ,Јакија Хаџиев, потврди дека при нападите загинале и двајца од бунтовниците чии тела треба да се идентификуваат.

Одговорен за нападите според Чеченскиот министер за внатрешни работи Алу Алханов, кој најави остра реакциија за ликвидирање на бунтовниците , е воениот лидер Шамил Басаев. Според него воената акција, која е најголема во последниве неколку години не можела да се изведе без одобрување на сепаратистичкиот водач Аслан Масхадов.

Според информациите, сеуште се слушаат поединечни истрели околу зградата на министерството за внатрешни работи. Руски анти терористички единици, веќе се наоѓаат во Назран, а според информациите силите за безбедност со помош на борбени хеликоптери трага по бунтовниците. Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Иванов, нападите ги оцени како побуна на бунтовниците

“Во Ингушија е стационирана единицата 503 а исто така и внатрешни трупи. Претпоставувам дека се работи за побуна на бунтовниците, но ние имаме доволно средства тоа да го спречиме“ рече Иванов.