1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Инвестициите не можат да дојдат одеднаш

5 декември 2007

Инвеститорите во Македонија ќе дојдат кога ќе се создадат одредени услови,но одлуката не се донесува наеднаш,тоа е процес,вели во интервју за Дојче Веле министерката за економија Вера Рафајловска

https://p.dw.com/p/CXNU
Рафајловска е оптимист за економскиот развој на земјатаФотографија: Petar Stojanovski

Енергетските капацитети на Македонија можат да ги задоволат потребите од електрична енергија во земјата,секако со внесување дополнителни количини од странство по потреба.Во Македонија се присутни или се заинтересирани за влез познати светски компании од областа на енергетиката.

Грција и Македонија имаат добри економски односи.Грција е еден од најголемите инвеститори во Македонија.Колку спорот со името може да влијае негативно врз нив,особено по одлуката на македонската царина да ги враќа стоките со ознаката БЈРМ?

Не верувам дека преземените мерки ќе имаат лоши реперкусии,дека спорот со името ќе влијае негативно,Грците се многу присутни економски во Макеоднија,тврди Рафајловска.