1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Империјата мора да се распадне“

ЖА/ дв/дпа/афп14 октомври 2012

Пред една година успеа да побегне од Кина, сега писателот Лиао Јиву ја доби Мировната награда на германските книжарници на Франкфуртскиот саем на книгата. Жирито го нарече „глас на обесправените“.

https://p.dw.com/p/16Pqz
Фотографија: dapd

„Оваа империја мора да се распадне“, оваа реченица повеќепати ја повтори писателот Лиа Јиву денеска (14.10.2012) во својот говор во Пауловата црква во Франфурт заблагодарувајќи се за наградата. Но, тој не го потеди ни Западот - концерните под плаштот на слободната трговија соработуват со „џелатите“. Погрешно е верувањето дека економскиот подем на Кина автоматски ќе води до реформи во државата, тврди Лиао.

Додека Пекинг радо би го замолчал за секогаш, жирито на реномираната награда во Франкфурт му го додели признанието, дотирано до 25 илјади евра, поради неговата непоколеблива храброст да се пресметува со силата на зборот против политичкото угнетување. „Лиао е чујниот глас на обесправените во својата земја“, гласи образложението на жирито.

Покрај германскиот претседател Јоахим Гаук на свеченото доделување на наградата во Пауловата црква, што е еден од најважните настани за време на Франкфуртскиот саем на книгата, а се случува на последниот ден на саемот, учество зедоа и бројни проминентни гости.

Liao Yiwu - chinesischer Schriftsteller und Preistraeger des Friedenspreises des deutschen Buchhandels 2012
Фотографија: Reuters

„Пишувањето е пат за стремеж кон слободата“, изјави еднаш добитникот на наградата. Во Кина денес 54-годишниот писател цел живот се бореше за таа слобода. Тој е роден на 4. август 1958. година, израснал во сиромашни услови и рано важел за талентиран писател. Но, уште од младите денови поради својата критика на кинеското општество станал мета на властите и добил забрана за пишување. Лиао бил осуден на четири години затвор откако во својата песна „Масакр“ ја опишал жестоката пресметка со демократското движење од 1989. година на Плоштадот на небесниот мир во Пекинг.

Спектакуларно бегство во Германија

Лиао повеќепати барал виза за да ја напушти Кина, но без успех. Дури и кога Кина беше земја-гостин на Франкфуртскиот саем на книгата во 2009. година, тој не смееше да допатува. Во јули 2011. година тој конечно се реши на бегство, за да може да ја објави својата книга „За една песна и стотици песни“, напишана за време на затворот и со описи на малтретирањата и злоупотребите кои таму ги доживеал. Преку Виетнам успеал да побегне во Германија и сега живее во Берлин.

Liao Yiwu - chinesischer Schriftsteller bekommt Friedenspreis des deutschen Buchhandels 2012 von Gottfried Honnefelder
Фотографија: dapd

На годинешниот Саем на книгата во Франкфурт е претставена неговата нова книга „Куглата и опиумот“ за која со години тајно водел интервјуа во КИна со сведоци и роднини на преживеаните на масакрот на Тјенанмен.

Дистанцирање од Нобеловецот

Лиао се дистанцира под својот сограѓанин Мо Јан кој во четвртокот доби Нобелова награда за литература. Мо е „државен автор“, кој го застапува комунистичкиот режим, вели тој. Неговите колеги во Кина се прашуваат дали  доделувањето на Нобеловата награда на Мо треба да се разбере како оправдување на кинескиот систем.