1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Има ли шанси за решение на Блискоисточниот проблем?

Staude, Linda / Washington (NDR) 27 ноември 2007

Денеска во Анаполис, САД започнува блискоисточната мирова конференција. Американскиот претседател Џорџ Буш синоќа во Белата Куќа разговараше со израелскиот премиер Ехуд Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абас

https://p.dw.com/p/CTZK
Џорџ Буш и Махмуд АбасФотографија: AP

Отворено и срдечно добредојде како и што се очекуваше. Џорџ Буш мораше во само едно попладне да ги прими двајцата високи гости во овалната канцеларија. Најпрвин израелскиот премиер Ехуд Олмерт, а неколку часови подоцна палестинскиот лидер Махмуд Абас, на кого му се обрати со топли зборови:

„ Сакаме да ви помогнеме. Сакаме слобода. Сакаме надеж за луѓето во палестинските области. Ви благодарам за вашата подготвеност за преговори со Израел. Не можеме нашата визија на никого да му ја наметнеме, но САД можат да го олеснат патот„ изјави Буш.

Спознание кое американскиот претседател го изговара доцна во својот втор мандат. Седум години по Бил Клинтон на блискоисточната конференција во Кемп Дејвид. Арон Милер советник за Блискиот исток смета дека оваа иницијатива е задоцнета:

„ Админситрацијата на Буш цело време не се грижеше за оваа тема и последнава година стои пред еден голем предизвик. Прашање е дали таа има воља и способност, не само да посредува, туку и да постигне пробив„

Експертот за Блискиот исток Даниел Леви во фондацијата Нова Америка вели:

„ На овој самит нема да се преговара како во Кемп Дејвид во 2000 година. Ова е нов почеток на еден процес, а не експеримент во кој луѓето ќе се држат во соба додека не се договорат„

Палестинскиот претседател Махмуд Абас се заблагодари за новото ангажирање на претседателот Буш:

„ Иницијативата на претседателот Буш е величественa. Се надеваме на негова натамошна поддршка"

Абас се надева на поддршка и од повеќе од 40 држави кои ќе учествуваат на конференцијата. Во последен момент и Сирија најави дека ќе присуствува откако темата за Голанската висорамнина беше ставена на дневен ред. Израелскиот премиерт Ехуд Олмерт.

„ Се надевам дека ќе можеме да започнеме серија сериозни преговори„ изјави Олмерт