1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Има ли пилот во проектот со беспилотни летала?

Кристоф Хазелбах / Александра Трајковска5 јуни 2013

Ќе успее ли да ја задржи функцијата германскиот министер за одбрана Томас де Мезие? Денеска тој одговара на прашања во надлежните комисии на Бундестагот по дебаклот на Euro Hawk. Тежок тест за неговата политичка иднина.

https://p.dw.com/p/18j14
Фотографија: picture-alliance/dpa

Три недели по пропаѓањето на проектот за беспилотно летало „Euro Hawk“, германскиот министер за одбрана Томас де Мезие ќе го прекине молкот 0 денеска (05.06) ќе поднесе извештај за дебаклот напроектот и ќе одговара на прашања на пратениците во комисиите на парламентот за одбрана и за буџет. Де Мезие го запре создавањето на најголемото беспилотно летало во светот на среидната на мај, поради огромни проблеми за добивање дозвола за европскиот воздушен простор и експлозијата на трошоци која се закануваше.

Пропаѓањето на германскиот проект за беспилотно летало „Euro-Hawk“ очигледно нема влијание врз сличниот проект на Северноатлантската алијанса. НАТО планира систем за копнено набљудување „Allied Ground Surveillance“ (AGS) со пет беспилотни летала „Global Hawk 40“. Овој проект, според податоци од НАТО, не е погоден од германската одлука. Беспилотното летало „Global Hawk“ кое го произведува американската фирма „Нортроп- Груман“ е практично појдовна верзија на системот. Кај леталото „Euro Hawk“, кое го нарача Германија, станува збор за варијанта на „Global Hawk 20“, претходниот тип на „Global Hawk 40“, кое сега сака да го нарача НАТО.

Прецизни слики од 20 километри височина

Во мај 2012 сојузничките сили на самитот во Чикаго донесоа одлука за набавка на беспилотни летала за набљудувачки мисии. До 2017 година тие би требало да бидат оспособени за употреба и да бидат стационирани во Сигонела, Сицилија. Според проценките, трошоците за петте беспилотни летала би требало да изнесуваат една милијарда евра. Учествуваат 14 држави на НАТО: Бугарија, Германија, Данска, Естонија, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Норвешка, Романија, Словачка, Словенија, Чешка и САД.

Thomas de Maiziere 22. Mai
Германскиот министер за одбрана Томас де Мезие под притисокФотографија: Getty Images

„Global Hawk“ можат да летаат на високчина од 20 километри и дури и од таа оддалеченост од Земјата да испорачаат прецизни слики од копното, а со нив можеда се следат и одделни лица.

Зошто нема европски проект за беспилотни летала?

Овој проект сосема нормално продолжува, и покрај одлуката од Берлин. Меѓутоа, во Брисел критички се гледа на постапката. Михаел Галер, безбедносно-политичкиот портпарол на фракцијата на Европските народни партии во Европарламентот, во разговор со ДВ критикува дека Германија наместо да презема чекори на национално ниво, требаше да го поттикнува развојот на беспилотни летата во европски рамки.

Состојбата конечно е иста за сите и секоја поединечна држава има премалку пари за тоа. „Вакви проекти за мене се добар пример, токму кога се создава нешто ново, такво нешто да се направи заеднички. Најверојатно од штетите се станува паметен.“ Галер смета дека развој на европски проект за беспилотни летала би бил добар и од внатрешно политички аспект. Впрочем „тоа не смее да и‘ се скрати на војската. Овие беспилотни летала во прва линија не се борбен инструмент“. Тие „во 90 проценти се употребуваат за цивилни цели, како набљудувачки беспилотни летала“ во земјоделството и шумарството - на приме, рано да се откријат пожари, или загадување на животната средина. Со вакви можности за употреба на леталата „навистина има смисол да се употребат цивилни и воени средства за истражување“.

Michael Gahler EU Beobachtermission Wahlen in Pakistan 13.05.2013
Михаел ГалерФотографија: picture-alliance/dpa

Производителот се брани

Во меѓувреме, се брани и американската фирма производител против германските жалби и недостатоците на испорачаното летало. Притоа, станува збор пред се' за наводен недостиг на заштита од колизија и недостиг на документи, кои биле неопходни за да се добие дозвола за летање во Европа. Портпрол на фирмата „Нортроп- Груман“ за неделникот„Цајт“ изјави дека Германија никогаш јасно не кажала кои документи биле неопходни. Освен тоа, само тест моделот на беспилотно летало било без заштита од колизија. Кај четирите натамошни првично нарачани беспилотни летала оваа заштита од колизија била планирана како составен дел од системот. Причини за големо покачување на трошоците претпријатието не гледа.