Има ли Македонија доволно стручњаци за преговори со ЕУ?
31 октомври 2009Реклама
Најмалку половина од трите илјади владини стручњаци ќе мора да бидат ангажирани во исполнувањето на триесет и трите поглавја од преговорите на Македонија со ЕУ. Дел од луѓето кои во 2004 и 2005 година беа дел од процесот на подготовки за преговори со ЕУ, веќе не се во администрацијата.
Интензивната комуникација меѓу Брисел и Скопје ќе трае најмалку три до четири години, пред да биде донесено решение - дали Македонија ги исполнува сите услови за членство во Унијата. Експертите предупредуваат дека е потребна целосна мобилизација на стручниот потенцијал.
Автор: Александар Чомовски
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска