1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Има ли иднина за Трансрапидот

27 септември 2006

Германските експерти остануваат оптимисти и по несреќата на трансрапидот во Емсланд Германија, во која загинаа 23 лица. Се смета дека технологијата ќе остане атрактивна за инвеститорите, посебно за оние кои сакаат да го прошират системот во Кина. Индустриските лидери и политичари веќе со децении се обидуваат да изградата трансрапид делници во Германија и да продадат повеќе технологија.

https://p.dw.com/p/AeKl
Патници во Шангај
Патници во ШангајФотографија: AP

Засега единствениот пример на трансрапиден воз кој се користи во комерцијална употреба е Кина. Со него се превезуваат патниците од регионот на Шангај до аеродромот во градот Пудонг. Возот на оваа релација се движи со брзина од нешто помалку од 300 километри на час.

Преставници на Шангај го посетија местото на несреќата, а германските медиуми пренесоа информација дека кинезите не се заинтересирани за натамошно инволвирање во проектот. Меѓутоа Тисен Круп и Сименс се надеваат на натамошно договори на кинескиот пазар. Директорот на Тисен Круп Екард Шулц изјави дека останува убеден дека трансрапидот е безбедена форма на транспортна технологија.

Во меѓувреме министерот за економија на германската покраина Баварија, Ервин Хубер изјави дека планираната изградба трансрапидната делница во Минхен ќе биде реализирана, но со неѓшто поинаков безбедносен концепт:

„ Предвиден е интегрален сигурносен концепт во кој се вклучени сите возила кои се движат на планираната траса. Можеме да кажеме дека технички гледано,сигурноста е на едно повисоко ниво„

Хубер очекува дека планираната траса која ќе ги поврзува меѓународниот аеродром со центарот на Минхен ќе чини поскапо од планираното. Меѓутоа финансирањето на проектот, чии трошоци се проценети на 1,85 милијарди евра и онака сеуште не се 100% загарантирани. Трансрапид проектот во Германија има многу противници, пртед се заради трошоците. Имено магнетниот воз е двапати поскап од конвенционалните.

Инаку Тисен Круп и Сименс, конзорциумите кои се грижат за развојот на магнетната технологијата не ја губат надежта. Тисен Круп минатата недела дури и се закани дека доколку не биде реализиран проектот во сојузната покраина Баварија, технологијата ќе ја префрли во Кина, со што проектот од германски, би станал германско кинески.