1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Има ли живот на трите новооткриени „супер-земји“?

Корнелија Борман/ Симе Недевски2 јули 2013

Дали Земјата единствента планета со живот во вселената? Барајќи одговори астрономите трагаат по т.н Ексо-планети. Токму такви три „супер-земји“ сега се откриени, астрономски погледнато во непосредното соседство.

https://p.dw.com/p/18wxO
Фотографија: DW

Потрагата по таканаречените Ексо-планети, односно по светови кои кружат околу далечни сонца, се разви во една од највозбудливите области во астрономијата. Зашто во неа станува збор за сосема големи прашања : Дали земјата е единствената планета со живот во бескрајните далечини на вселената? Или пак можеби има живот и на друго место?

Во 1995 година швајцарскиот астроном Мишел Мајо ја откри првата далечна Ексо-планета. Во меѓувреме истражувачите открија околу 900 небески тела за кои се верува дека е можно да се „ живи“ планети. Деновиве пак на европските астрономи меѓу нив и голем број научници од Германија повторно им успеа едно сензационално откритите.

Дури три ексо-планети открија европските астрономи во еден сончев систем. Супер-земји, на кои потенцијално е можен живот, со оглед дека кружат околу својата ѕвезда во една т.н „населлива“ зона. Во овој графички приказ означена со зелена боја.

Computerzeichnung des Planeten Kepler-62e
Фотографија: picture alliance/AP Photo

Таму во далечните светови би можело да има течна вода- најважниот предуслов за живот, каков што го знаеме ние.

Ѕвездата мајка на трите супер-земји е Глизе 667 Ц и се наоѓа на само 22 светлосни години оддалеченост од Земјата. За астрономите тоа е релативно куса дистанца.

Затоа тие се заинтересираа за оваа ѕвезда и крај неа ги открија трите планети. Кога астрономите потоа со повеќе супертелескопи подетално ја истражија Глизе 667 Ц, направија сензационално откритие- дури три супер-земји во една „населива“ зона. Покрај тоа тие мораа новите набљудувања да ги комбинираат со поранешните податоци.

Овој сончев систем би можел да има до седум планети. Дали таму навистина има живот , мора да разјаснат натамошните набљудувања и истражувања. Со супертелескопи од наредната генерација.