1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Илјадници Украинци против вртењето грб на ЕУ

ЖА/афп24 ноември 2013

Десетици илјади луѓе денеска протестираа против одлуката на владата да ги прекине подготовките за потпишување на Договорот за асицијација со ЕУ. На демонстрации повика екс-премиерката Јулија Тимошенко, која е во затвор.

https://p.dw.com/p/1ANH7
Фотографија: picture-alliance/AP

Во украинскиот главен град Киев, според агенцијата АФП, на протести излегле околу 30 илјади луѓе. Демонстрантите со веење знамиња на ЕУ и на опозиционите партии се собрале во центарот на градот и Плоштадот на независноста, кој има симболично значење по Портокаловата револуција во 2004. година. Сегашниот шеф на државата, Виктор Јанукович, тогаш се прогласи за победник на претседателските избори, но по масовните протести се повлече.

На транспарентите граѓаните ги носеле пораките : „Ние не сме Советски сојуз, ние сме ЕУ“.

Ukraine Kiew Demonstration Opposition
Фотографија: picture-alliance/AP

Тимошенко го обвини својот политички ривал Јанукович дека со приближувањето кон Русија, ја загрозува независноста на земјата. Со откажувањето на соработката со Брисел, тој ја прави својата животна грешка, напиша во отвореното писмо до претседателот Тимошенко, која се наоѓа во затвор во Харков, во источниот дел од земјата. ЕУ бараше заболената премиерка да биде пуштена на медицински третман во странство, што беше предуслов за потпишување на Договорот за асоцијација. Јанукович тоа го одби.

Владата од Киев во четвртокот, ненадејно го стопираше договорот со ЕУ, за кој се преговараше со години, а требаше да биде потпишан идната недела на самит во литванскиот главен град Вилнус. Наместо тоа Киев предложи преговори со Москва и Брисел околу трговски прашања. Рускиот претседател Владимир Путин претходно се закани со ограничување на трговските односи, доколку поранешната советска република влезе во потесни врски со ЕУ.

И украинскиот амбасадор во Германија е разочаран од одлуката на својата влада. Павло Климнкин вчера изјави дека за планираниот договор со ЕУ се водеа долги преговори и тој би било идеална рамка за односите меѓу Украина и ЕУ. Поранешниот заменик-министер за надворешни работи кој своевремно учествуваше во преговорите, сепак е уверен дека Договорот за асоцијација ќе биде потпишан во не толку далечна иднина, зашто како украинските стопанственици, така и народот сакаат приближување кон ЕУ.