1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Илјадници луѓе убиени во војната против наркомафијата во Мексико

12 јануари 2012

Во изминатите пет години, од почетокот на борбата против трговијата со дрога во Мексико, се убиени повеќе од 47 илјади лица, соопшти јавното обвинителство.

https://p.dw.com/p/13hze
Крстови и слики на убиени во нарко-војната во МексикоФотографија: AP

Само во минатата година во Мексико се извршени околу 13 илјади убиства поврзани со дрогата. Повеќето убиства се случиле во осум од 32 федерални држави колку што има во Мексико. Мексиканската влада ги објавуваше податоците за убиствата, но ја прекина таа пракса пред една година, кога бројот на убиените достигна до 35 илјади лица.

Агенцијата за слободно информирање во Мексико ќе бара истрага доколку обвинителството не ги обелодени податоците за убиените, кои ги бараа новинарите оваа недела.

Drogenkrieg Mexiko: Verhaftung von Arnoldo Rueda Medina
Маскирани мексикански полицајци спроведуваат уапсен нарко-босФотографија: AP

Петгодишна крвава војна

Државното обвинителство тврди дека секое убиство е испитано, иако официјалните податоци покажуваат дека само неколку убиства се истражени.

Организациите за заштита на човековите права тврдат дека дошло до пораст на насилството во Мексико кога војската, која не е обучена за работа со цивилното население, почнала да и‘ асистира на полицијата во пресметките со нарко картелите.

Пред пет години, мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон и‘ објави војна на наркомафијата. Трговците со дрога вршат меѓусебни крвави пресметки за да обезбедат доминација над лукративните шверцерски патишта кон САД.

Автор: ЖА/СН/дв/миа

Редактор: Е.М.Фиданоска