Илјадници луѓе протестираат против европската кризна политика
19 мај 2012Досега демонстрациите се одвиваат мирно, а судири немаше ниту во текот на изминатата ноќ. Сепак, на приодните патишта до Франкфурт има големи колони, поради засилените полициски контроли. Полицијата ги проверува пред се‘ автобусите, пoради тоа што се очекува во Франкфурт да демоснртираат и околу две илјади припадници на автономното движење, кои се подготвени на насилство.
На почетната манифестација на демонстрациите низ центарот на Франкфурт се‘ до банкарската четврт учествуваат голем број синдикати, партии и организации. Сојузот на критичарите на глобализацијата „Атак“ е застапен со претставници од Грција, Шпанија и Португалија. Говорите беа преведувани и на англиски јазик. Демонстрантите ја критикуваат особено политиката на ЕУ во финансиската криза. Таа политика дава наредби за нечовечки мерки на штедење во држави како Грција и им ја краде сувереноста, беше речено во Франкфурт.
Попладнево треба да се демонстрира пред Европската централна банка. Денешните протести се единствените кои добија дозвола, а се насочени против банките, капитализмот и европската политика на штедење.
Вчера, полицијата мораше да употреби водени топови пред Европската централна банка, каде протестираа демонстрантите на „Блокјупај“. Упасени беа околу 400 демонстранти. Портпаролот на „Блокјупај“, Кристоф Клајне, оцени дека акциите во изминатите денови биле успешни. „Финансиската метропола Франкфурт е во голем дел е парализирана“, рече тој вчера.