Илјадници косовски Албанци зеле српски пасош
20 декември 2012Информацијата, според весникот „Зери“, ја потврдуваат податоците од српското Министертво за внатрешни работи.
Според податоците, речиси сите апликанти за српски пасош се од албанска националност.
„Овие податоци го опфаќаат периодот од кога Србија доби визна либерализација од ЕУ до денес, без да се опфати претходниот период“, изјавил за „Зери“ висок функционер од Министерството за внатрешни работи во Белград.
Фисник Реџепи, советник во косовското Министерство за внатрешни работи, вели дека Владата на Косово не располага со податоци колку граѓани на Република Косово обезбедиле српски пасош.
„Но, има сознанија дека за жал граѓани од Република Косово аплицираат за српски пасош иако не добиваат ништо од визната либерализација која ЕУ ја воведе во однос на Србија“, изјавил Реџепи.