1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел сака да се ослободи од одговорноста за Газа?

Клеменс Ференкоте24 јануари 2008

Кај населението во Газа се зголемува незадоволство поради израелската блокада. Но, во Тел Авив се се погласни барањата Израел да се ослободи од одговорноста за крајбрежниот појас.

https://p.dw.com/p/Cx6O
Вака изгледа граничниот премин кон РафаФотографија: AP Photo
Како последица на насилното отворање на границата кон Египет, Израел целосно ќе ги стопира контактите со појасот Газа. „Мора да сфатиме дека ја губиме одговорноста за Газа ако е отворена од другата страна“, изјави денеска израелскиот заменик министер за одбрана, Матан Вилнаи. Израелските обиди да се одделат од крајбрежниот појас започнаа уште во 2005 година со преселбата на еврејските доселенички населби. Овие напори продолжуваат.„Сакаме да го запреме снабдувањето со струја, вода и лекови“, најави Винаи и буквално рече:„ тие ќе мора да доаѓаат од другата страна“. Израел повеќепати побара Египет да интервенира Повеќепати израелската влада побара од Египет да се погрижи за повторно затворање на границата кон Рафа. Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак, кој во време на насилното пробивање на граничниот ѕид се наоѓа во Париз, му се обрати на Каиро со зборовите: „Од Египет очекувам, сериозно да си ги преземе обврските и повторно да ја затвори границата, против овој масовен и насилен пробив. Немам илузии дека дека со тоа ќе се стави крај. Затоа морам и понатаму да ги употребам сите средства, без разлика дали се работи за санкции, соодветни акции или ограничувања“. Сака ли Египет да ја припои Газа? И израелскиот заменик министер за надворешни работи, Мајали Вбе, денеска на државното радио објави дека Израел во отворањето на границата гледа нови политички перспективи: „Можеби одлуката на претседателот Мубарак е најава за едно можно решение - Газа да му се приклучи на Египет и тие да бидат одговорни за се што ќе се случува таму“. Но, со ова, според коментаторите на израелските весници би се тргнало од дневен ред таканареченото „Решение на две држави“ кое сега се предлага за решавање на палестинско - израелскиот конфликт. Палестинците во Египет по храна Во меѓувреме, Палестинците кои веќе втор ден ги користат илегалните гранични премини на египетската страна се снабдуваат со животни намирници, гориво и други производи: „Дојдовме тука да купиме намирници оти кај нас речиси и да нема повеќе каде да се купи храна, пијалоци и се што ни е потребно. Им благодариме на Хамас што го пробија граничниот ѕид, кој и онака е изграден против волјата на палестинскиот народ“, вели еден од нив. Газа повеќе од една недела е под израелска блокада, со која тие сакаат да ги спречат зачестените палестински напади на нивна територија. Но, хуманитарните организации на теренот предупредија дека поради блокадата ситуацијата кај палестинското население е алармантна.