Израел расчисти протестен камп на Палестинците
13 јануари 2013Околу 200 палестински активисти, по наредба на премиерот Бенјамин Нетанјаху се отстранети или доброволно го напуштиле т.н. Е1-простор меѓу Ерусалим и населбата Маале Адмумим, информираше „Ерусалим пост“ на својата интернет страница. Тие во петокот таму поставија камп со шатори за да протестираат против планираната изградба на еврејска населба.
По околу два часа операцијата утрово заврши без инциденти. Активистите кои не сакаа доброволно да го напуштат поросторот, се однесени. „Сите беа внимателно и брзо однесени, без да бидат повредени службеници или демонстранти“, изјави портпарол на полицијата. Нема уапсени лица. Шаториите не се отстранети, откако Врховниот суд на Изараел во петокот пресуди дека шаторите смеат да останат уште шест денови. Според израелската влада, отстранувањето на демонстрантите од просторот сепак е праведно.
Израелската влада во ноември, откако беше признаена Палестина како држава набљудувач во ОН, најави изградба на населби поради што беше жестоко критикувата и од држави со кои негува добри односи. Зоната Е1 се наоѓа на Западниот Брег меѓу Источен Ерусалим и еврејската населба Маале Адумим. Палестинците стравуваат дека изградба на израелска населба на тој простор фактички би го поделила Западниот Брег на Север и Југ и би го отежнала пристапот до Источен Ерусалим.