1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел презема безбедносни мерки во очи Јон Кипур

21 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bi54

Во очи празникот Јон Кипур, Израел во текот на ноќта го опколи Западниот брег. На овој начин треба да бидат спречени напади на милитантните Палестинци. Безбедносните мерки се засилени и во израелските градови. Еврејскиот ден на помирување е еден од најзначајните празници во еврејскито календар. Јон Кипур започнува денеска на зајдисонце и трае до сабота.