1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел е скептичен околу либанската армија

9 август 2006

Меѓународната кризна дипломатија за совладување на крвопролевањата меѓу израел и Хезболах сега надежите ги насочи кон готовноста на либанската влада да стационира сопствени 15 илјади војници на југот од земјата. Израелските реакции на овој предлог се воздржани, зашто е јасно дека само либанската армија е преслаба да ги држи во шах припадниците на Хезболах.

https://p.dw.com/p/Adyq
Израелски тенкови во офанзива
Израелски тенкови во офанзиваФотографија: AP

Според тоа, тежиштето останува врз испраќањето меѓународни сили и дури кога тоа прашање ќе биде разјаснето, Израел можеби ќе бара нови патишта за заштита на сопственото население:

Емоционалниот говор на либанскиот премиер Фуад Синиора пред министрите за надворешни работи на Арапската лига во понеделникот во Бејурт имаше свое продолжение во израелскиот парламент. Израелската министерка за надворешни работи Ципи Ливни вчера се појави на говорницата и побара од премиерот на соседната земја да покаже сила:

„И јас го видов плачот на премиерот Синиора. И ние сите плачеме за нашите загинати, јавно или приватно. Но, ова е место од кое треба да му се каже дека треба да ги избрише солзите и да почне нешто да прави за подбрата иднина на граѓаните по кои плаче„.

Синиора токму тоа и го направи кога најави дека либанската армија ќе биде стационирана во јужен Либан. Барање што Израел постојано го повторува од почетокот на крвавиот конфликт пред повеќе од 4 недели. И покрај тоа, израелскиот премиер Јехуд Олмерт реагираше воздржано:

„Сега не ги знам деталите. Каква поддршка и е потребна на либанската армија? Колку е силна? И кои се другите предуслови на либанската армија„?

Други израелски политичари предлогот на Либанците веднаш го одбија, зашто Либан бара повлекување на Израелците од југот. А, токму тоа не го сака израелската влада, се додека меѓународната заедница на стационира сопствени сили:

„Тие мораат да бидат составени од борбени единици. Тоа не смеат да бидат инспектори, туку борбени единици. Тие треба да помогнат да се спроведе резолуцијата 1559 на Советот за безбедност. Тоа го бараме, а на крајот ние ќе решаваме„, изјави премиерот Олмерт.

Во резолуцијата 1559, меѓу другото, е запишано дека Хезболах треба да се разоружа. Но, кои сили за заштита се подготвени за тоа? На овој план и натаму има проблеми во меѓународната заедница. Според тоа и наредните денови нема да донесат олеснување на цивилното население во Либан и во северниот дел на Израел.