1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел денеска ослободи 500 палестински затвореници .

21 февруари 2005

Станува збор за најмасовно ослободување во последните десет години. Ова е гест на добра воља на израелската влада со цел да биде поттикнато придржувањето кон примирјето кое го склучи со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

https://p.dw.com/p/AcHA
Израелската влада го одобри и планот за повлекување од Газа
Израелската влада го одобри и планот за повлекување од ГазаФотографија: AP

Стотиците затвореници со насмеани лица и прсти испружени во знакот В , како победа, минуваа утрината преку израелските безбедносни пунктови , за да влезат во палестинските автономни подрачја.

Шансите за мир се зголемија откако новиот палестински претседател Махмуд Абас ја презеде функцијата . Тој работи на агендата на ненасилство и се обидува да ги убеди палестинските милитанти и де факто да го почитуваат примирјето кое тој го прогласи заедно со израелскиот премиер Ариел Шарон на неодамнешниот Самит во Шарм Ел Шеик. Но многу Палестинци велат дека на Абас ќе му бидат потребни многу помасовни гестови на добра воља за да ги убети милитантите на некое потрајно мирување на огнот , со оглед дека Израел во своите затвори држи околу 8000 палестински затвореници .

“Се чуствувам добро ,но сепак ова не е голема среќа за мене ”-изјави денеска Низар Шукру , кој отслужи 3 години поради учество во вооружен напад . “нешто недостасува . Ние сеуште се надеваме на големо ослободување на сите затвореници , бидејќи сите ние се боревме за иста цел”- истакна Шукру кој се упати кон својот дом во јужниот дел на Западниот Брег.

Тој беше еден од 500 затвореници , кои ги опфати овој гест на израелска добра воља, најмасовен од 1996-та година наваму .

Ниту еден од овие затвореници ниту од наредните 400 кои Израел планира да ги ослободи во бргу време не биле одговорни за напади во кои загинале или биле повредени Израелци. Владата во тел Авив е истрајна на ставот дека нема да ги ослободи оние , со крв на рацете .

Ослободувањето на стотиците затвореници се случи само ден откако , израелскиот владин кабинет со големо мнозинство го одобри планот за повлекување на израелската армија и еврејските населби од појасот Газа.

Само 5 мина министри од кабинетот на Шарон гласаа против планот за повлекување од појасот Газа.

Претходно, шефот на израелската влада Ариел Шарон нагласи дека повлекувањето, кое според одлуката ќе почне во јули годинава и кое ќе се спроведува во четири етапи, е од витално значење за безбедноста на Израел.

,, Сум донесувал илјадници одлуки, многу се однесуваа на живот и смрт, но оваа беше најтешка,, рече Шарон, кој повеќе од една година се обидуваше да го оствари овој план.

Израелскиот заменик премиер Ехуд Олмерт, вчерашниот ден го нарече историски :

,, Ова е е голем, историски пробив, и мислам дека е голем чекор кон нова реалност на Блискиот Исток. Мислам дека тоа е многу важно, многу позитивно,, рече Олмерт.

Палестинците го поздравија донесувањето на планот за повлекување од појасот Газа.