Израел ги запре парите за Палестинците
2 декември 2012Израелскиот министер за финансии Јувал Штајниц пред почетокот на седницата на владата образложи дека тоа се средства за подмирување на долговите на палестинските власти кон израелското здружение за енергетика за месец декември. „Уште на почетокот рековме дека подигнување на статусот на Палестина од страна на ОН нема да остане без реакција од израелска страна“, рече Штајниц за државното израелско радио.
Израел уште по победата на радикалноисламистичкиот Хамас во јануари 2006 година ги замрзна парите од даноци и царини. Дури во јули 2007 година владата на Израел почна да им исплаќа пари на палестинските автономни власти во висина од 440 милиони евра.
Генералното собрание на ОН на Палестинците им додели статус на „држава не-членка“ во четвртокот (29.11). Еден ден подоцна Израел обелодени дека планира изградба на три илјади нови станови во Источен Ерусалим и на Западниот Брег.