Израел воведе специјални безбедносни мерки за Јом Кипур
21 септември 2007Реклама
Израел денеска ја затвори границата со Западниот брег за Палестинците поради почетокот на еврејскиот празник Јом Кипур. Целта на ограничувањето е спречување на евентуално насилство за време на најважниот празник во еврејскиот календар. Празникот трае до недела. Инаку израелските војници се повлекоа од Наблус на Западниот брег по тридневна операција за време на која загинаа двајца Палестинци и еден израелски војник.