1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел – влада

1 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag8V

Израелскиот премиер, Ехуд Олмерт одби да даде оставка поради грешките направени за време на либанската војна. Во телевизиски говор Олмерт изјави дека негова оставка не би била препорачлива, наспроти острите критики на Истражната комисија за Либанската војна. Како резултат на извештајот на истражната комисија, од функцијата се повлече министерот без ресор, Еитан Кабел, од Работничката партија. Тој изјави дека не може веќе да работи во влада раководена од Олмерт. Опозицијата од Олмерт уште еднаш побара оставка, а за четврток закажа и големи демонстрации во Тел Авив.