1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израелците се повлекоа,Палестинците слават:синагогите горат

12 септември 2005

Израел денеска ја заврши 38 годишната окупација на појасот на Газа.Кратко по изгревот на сонцето,од областа заминаа последните воени конвои.Десетици илјади Палестинци бучно го слават повлекувањето. Коментира Петер Филип

https://p.dw.com/p/AcCj
Фотографија: ap

И последниот израелски војник го напушти појасот на Газа.По евакуирањето на околу 8 илјади доселеници пред неколку дена,сега се повлекоа и трупите.По 38 години окупација,сигурно ова е историски момент.Но,дали со ова Израелците и Палестинците се приближија кон крајот на нивниот конфликт,постои во најмала рака сомневање.

Повеќе од симболичен гест беше тоа што последниот Израелец,кој утрово ја напушти Газа,ја затвори вратат зад себе.Околу 1,2 милиони Палестинци во појасот на Газа сега се господари во својата куќа,но тие тие не ги контролираат врските со надворешниот свет:граничниот премин кон Египет кај Рафа е со месеци затворен,а тој кој сака да допатува или отпатува,мора и натаму да оди преку израелски контролен пункт.Освен тоа,Израел го контролира воздушниот простор над ,како и морето пред појасот на Газа.

Тешко дека Палестинците вака си го претставуваа својот прв чекор во независност.Но,се разбира, и тие мора да согледаат дека ова повлекување не е резултат на некој мировен договор и на сознание дека од Газа не претстои повеќе никаква опасност.Првата ракета,која беше испалена од таму во правец на Израел,го појасни ова.И самите Израелци се недоверливи.Да не зборуваме пак воопшто за тврдолинијашите,тие само чекаат повлекувањето да се покаже како погрешно и повторно да можат да вмаршираат во Газа.Зашто,Палестинците не се подготвени за мир,според нив.

Овие тврдолинијаши веројатно ќе го искористат тоа што Израел напушти околу 20 синагоги во појасот на Газа.Со бесмислен апел до автономните палестински власти,да ги почитуваат овие згради.Првите синагоги вивнаа во пламен во моментот на повлекувањето,другите ќе бидат урнати од палестинските власти.Со опасност,ним потоа да им биде префрлено дека ги уништуваат божјите храмови.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас поради тоа се наоѓа во исклучително тешка ситуација:тој мора да докаже дека заедно со своите луѓе е во состојба да го контролира појасот на Газа и дека нема да им дозволи размав на радикалите.Ним напротив ќе им даде јасно на знаење дека новите напади и насилството врз Израел ќе го загрозат овој мал успех.Дали екстремистите го разбираат тоа,сомнително е.Тие го слават сега израелското повлекување како

своја сопствена победа и како охрабрување кон поголемо насилство.

Ако го продолжат ова убедување,тогаш повлекувањето од Газа е само една епизода без никакво натамошно значење.