1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изненадувањето се вика Нирнберг

28 август 2006

За едните радост, за другите тага. Оваа мудрост се потврдува и во германската сојузна фудбалска лига секоја недела.

https://p.dw.com/p/Aehv
Бодот на Нирнберг во Минхен против Баерн голем како куќа
Бодот на Нирнберг во Минхен против Баерн голем како куќаФотографија: AP

Така и во обата последни натревара од синоќа, Хамбург против Берлин и Мајнц против Франкфурт кои завршија нерешено 1 спрема 1. Репрезентативецот Мануел Фридрих од Мајнц не можеше да се радува на бодот против Франкфурт:

„Јас сум сосема незадоволен. Неизоставно моравме да победиме и мислам дека бевме блиску до тоа. Но, ќе примиш глупав гол и потоа се е залудно. Имавме добри шанси, но не ги искористивме, па имаш чувство дека можеш да правиш што сакаш, а не можеш да дадеш гол. Затоа, на крајот моравме да бидеме задоволни што успеавме да изедначиме„.

Уште понезадоволни беа фудбалерите на Хамбург по ремито против Берлин. Одбранбениот играч Бастијан Рајнхарт:

„Игравме нерешно петти пат последователно. Тоа полека оди на нерви. Сосема добро игравме до 1 спрема 0, а потоа направивме премалку и затоа треба да се прашаме дали вистина беше потребно да се повлечеме. Тоа во сојузната лига едноставно не смееме да си го дозволиме„.

Хамбург со намера да остане високо-пласиран. А, Нирнберг е веќе изненадвувањето на сезоната. Големото прашање гласеше: колку е вистина силна оваа екипа? Одговорот стигна на теренот. Нерешените 0 спрема 0 на гости кај Баерн кажуваат се. Уште поголемо изненадување беше резултатот од 3 спрема 0 на гости на Ахен против Хановер. Новајлијата ја славеше првата победа во првата лига по 36 години. Скоро толку долго чека Билефелд на победа во Менхенгладбах, а по победата на домаќинот од 1 спрема 0, ќе мораат и натаму да чекаат. Бремен загуби од Шалке со 2 спрема 0, па така по март годинава повторно претрпе пораз во сојузната лига. Штутгарт дома загуби со 3 спрема 1 од Борусија Дортмунд. Непоразен останува Волфсбург кој во Леверкузен одигра 1 спрема 1 со Баер. Во борба за опстанок веќе се наоѓа Бохум по поразот дома против Котбус од 1 спрема 0.

Третото коло мина, а сојузната лига веќе ќе се најде на пауза. Но, фудбал секако ќе има: германската репрезентација настапува во квалификациите за Европското првенство против Ирска, натпревари во националниот куп, а секако и настапи на германските екипи во лигата на шампионите и во купот на УЕФА.

Тајмаут ќе има за фудбалерите од Нирнберг кои најмалку уште две недели ќе се радуваат на водството на табелата пред Баерн и Шалке, иако сите три екипи имаат по 7 бодови. Во овој период во табелата помалку ќе гледаат Билефелд со еден бод и Бохум и Хановер кои немаат ниту еден. Ова трио засега го држи фенерот.

И уште една вест што го одбележа колото од минатиот викенд и дојде од Минхен: Марк фон Бомел доаѓа во Баерн за 12 милиони евра. До крајот на рокот за промени в четврток и натаму ќе се шират шпекулации. На пример, Хамбург наводно ќе го ангажира Аргентинецот Сорин. Тренерот на екипата Томас Дол двосмислено изјави:

„Ве препуштам на изненадувањата„.