1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изненадувања во Њу Хемпшир

9 јануари 2008

Во трката за претседателската номинација, кај демократите фаворизираниот Барак Обама загуби од Хилари Клинтон, додека кај републиканците јасен победник е Џон Меккејн.

https://p.dw.com/p/CmoR
Хилари Клинтон не можеше да ја сокрие радоста од победата во Њу ХемпширФотографија: AP Photo

На крилата на победата во Ајова, црниот сенатор Барак Обама непосредно пред гласањето во Њу Хемпшир имаше двоцифрена предност, додека Хилари Клинтон разочарана и изморена се бореше со солзите. За потоа триумфално да соопшти:

„Ви балгодарам на сите. Посебно на Њу Хемпшир. Во изминатата недела ве слушав вас и во тој процес го најдов мојот сопствен глас. Сега се наоѓаме пред долга трка„. Од солзите ниту трага кога Клинтон им се обрати на своите прииврзеници дека сака да биде претседател кој народот го става на прво место.

Непосредно пред тоа, Барак Обама и честиташе на Клинтон:

„И честитам на сенаторката Клинтон за тешко извојуваната победа овде во Њу хемпшир„, за да додаде:

„Ние сме една нација и заедно ќе го започнеме новото големо поглавје во американската историја со три збора од брег до брег: ние ќе победиме„.

Без сомневање Обама беше далоко разочаран, но не дозволи тоа да се забележи:„Нема поблем што ние не можеме да го решиме„.

Дуелот Обама – Клинтон го стави во втор план фактот дека на овие предизбори се случи уште еден голем кам бек: сенаторот Меккејн кој кај републиканците веќе беше прогласен за мртов:

„Доволно сум стар за ова да биде оценето како враќање, се шегуваше 71-годишниот Меккејн, но ние покажавме што значи вистински кам бек„.

Без сомневање, трката за претседателската номинација во двата табора останува возбудлива.