1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изгоре дел од историската библиотека во Вајмар

3 септември 2004
https://p.dw.com/p/AeVI
Фотографија: AP

Една од најпознатите библиотеки во светот, онаа на Војвотката Ана Амалија во градот Вајмар, настрада во пожарот што вчера вечера околу 20 часот го зафати покривниот дел од зградата во која што е сместена. Според раководителот на спасувачката екипа, утринава почна акцијата на расчистување и спасување на историските документи и вредни дела, кои само делумно настрадаа. Претставник на полицијата во Вајмар изјави дека околу 5.000 од вкупно 30-те илјади книги во загрозениот втор спрат се спасени, а судбината на оние што се делумно опожарени или оштетени од противпожарната пена, за сега е нејасна. Меѓу спасените дела се наоѓа и една Библија на водачот на реформацијата Мартин Лутер од 1534-та година, како и други важни историски сведоштва за почетоците на протестантизмот во Германија. Министерот за култура во покраинската влада на Тирингија, Јенс Гебел, како и градоначалникот на Вајмар, Фолкхард Гермер, изјавија дека станува збор за тешка загуба не само за градот, туку и за вкупното германско културно богатство.