Извршил ли папата егзорцизам?
21 мај 2013Ватикан денеска ги отфрли тврдењата дека папата Франциско извршил егзорцизам, објавени на италијанската телевизија „ТВ 2000“ која емитува програма со религиозна тематика.
„Папата немаше намера да изврши егзорцизам, туку само се помоли за една заболна личност“, изјави портпаролот на папата, Федерико Ломбарди.
Телевизијата претходно прикажа видео снимка на која прикажан папата на плоштадот Свети Петар како на кратко ги положува двете раце на главата на момчето за време на прославата на верскиот празник Духови.
„Егзорцистите кои ја видоа сцената немаат сомнеж дека станува збор за молитва за ослободување од демонот и за вистински и реален егзорцизам“, јави телевизијата. Според неа и папата Јован Павле Втори имал извршено егзорцизам во два наврати во 1982 и во 2000 година.
Егзорцизам е древен ритуал за истерување на лошите духови од некои луѓе или места и постои во неколку религии, вклучително и римокатоличката.