1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изворното македонско - културен мост до германската публика

Силвера Падори9 септември 2006

Со краток камерен оперски концерт и настап на групата Синтезис во Берлин и официјално стартуваа Деновите на македонската култура во Германија

https://p.dw.com/p/AeTC
Фотографија: AP

Трите девојки во модерни костими низ кои се испреплетува македонскиот фолклор и традиција, во црвено-црно-белата комбинација, наредени со сребрени гердани и колани, чии гласови се стопуваат со звуците на кавалот, гајдата, зурлата , тапанот .. се обидоа и успеаа синоќа во Берлин да го најдат патот до срцата на бројната македонска и поретка германска публика. Синтезис за првпат настапија во Берлин, во рамките на Деновите на македонската култура во Германија, како амбасадори на македонската музика. Онаа традиционалната, но и толку невообичаено модерна за Европа.Во Пасион црквата во Кројцберг малкумина беа Германци.

"

Македонија е земјата која ми е во срцето! Тоа е земја на која и се восхитувам, која е прекрасна, но кога е во прашање Германија - има една маана! Во Германија е релативно непозната ...” кажува Ханс Пранг. Имајќи го предвид фактот дека културата е мостот што допира до срцата и душите на луѓето и носи предизвици земјата да се види и доживее, Пранг смета дека освен Деновите на културата треба да се направи многу повеќе. Тој ја изрази желбата и надежта дека сега по 15 години од независноста, кога земјата е пред влезот во Европската Унија, македонската влада ќе направи повеќе за популаризирање на Македонија во Германија.

Вистински амбасадори на македонската култура се сите оние кои се занимаваат со креација, со уметност која ја пласираат надвор од границите на земјата. Во текот на Деновите на македонската култура во Германија, такви амбасадори се триесетината уметници кои излгаат во Кампнагел во Хамбург. Синоќа се претстави и дуото оперските пеачи Ахмети - Цуцковски, како и групата Синтезис. Добро позната во татковината, Синтезис е вистинска Македонија во мало. Осуммината имале десетици и десетици настапи ширум светот: од Балканот и Европа, преку Австралија до Јапонија.Радослав Шутевски, најстариот член и иницијаторот вели дека уште од почетокот знаел дека Синтезис ќе бидат амбасадори на македонската култура и музика. Доста патувал и имал прилика да види како други ја продаваат македонската музика. Тоа за него беше провокација, заедно со поранешниот член Даутовски да го оформи Синтезис. Било тешко, но групата заеднички се избори за успехот. Она што особено ја пленува публиката е оригиналноста на музичкиот израз, идентитетот кој го поседува секој испеан и произведен звук. Синртезис користат само неколку интервали од некоја народна песна, а потоа, самите го адаптираат и аранжираат на сопствената вокација.За неповторливоста на пеењето и свирката, Анета Шуланковска, еден од трите женски вокали кажува

Дека никој не останува имун на звукот на зурлата која ги крева дамарите, на кавалот кој буди нежност... Но покрај изворните иснтрументи и целокупниот сценски настап - костимите, стајлингот , се во функција на нивната успешност како амбасадори на македонската култура во светот.

Деновите на македонската култура во Германија, по хамбуршката, утре ќе ја имаат и берлинската театарска премиера. Овој пат културни амбасадори се ансамблите на Националниот татар од Битола, Турската драма од Скопје и Театарот од Фиренца кои настапуваат во мултикултурниот проект “Тимон од Атина” кој го режираше загрепчанецот Бранко Брезовац.

На штиците што живот значат “Тимон ... " во Берлин ќе има три изведби. Потоа следува филмската програма и петте најуспешни македонски филма кои ќе бидат прикажани за заинтересираната публика во просториите на амбасадата на Република Македонија.