1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Извештај на УНЕСКО за образованието

Хеле Јепесен10 ноември 2005

УНЕСКО деновиве го објави годишниот извештај за состојбата на образованието во светот. Ситуацијата се подобрува, но причини за оптимизам нема.

https://p.dw.com/p/AeU7
Фотографија: AP

“Од 1990 година, кога имавме околу 900 милиони неписмени, нивниот број во светот се намали за околу 100 милиони. Денеска поаѓаме од бројката од околу 770 милиони возрасни, значи луѓе постари од 15 години, кои сеуште не знаат да читаат и пишуваат, а намалувањето на бројот на аналфабетите е резултат пред се на развојот во Кина. Таму да читаат и да пишуваат знаат околу 100 милиони луѓе, кои пред 15 години тоа не го знаеја. И покрај тоа, бројките говорат дека во светот да читаат и да пишуваат сеуште не знаат 18% од возрасните.“

Дитер Офенхојсер е заменик на генералниот секретар и портпарол на германскиот огранок на комисијата на УНЕСКО, која го објави германското издание на извештајот за образованието, заедно со сојузното министерство за економска соработка и развој. Главната презентација на годишниот извештај се прави во Лондон, но бројките се сосема исти. И во време на глобализацијата, секој петти возрасен жител на нашата планета не знае да чита и да пишува. Притоа, шесте цели поставени на конференцијата во Дакар, во 2000 година, се повеќе од јасни – подобрување на предучилишното образование, до 2015 година пристап до основно училиште за сите деца подеднакво, значи и за момчињата и за девојчињата, потоа општо подобрување на квалитетот на образованието, укинување на дискриминацијата на жените или женските деца во образовните системи и зголемување на стапката на писменост кај возрасните за 50%. Сега поднесениот извештај покажува дека такво нешто не може да се постигне. Работите нема да се развиваат толку бргу како што се надеваа учесниците на конференцијата во Дакар, но сепак има многу позитивни резултати, вели Дитер Офенхојсер:

“Позитино е сигурно тоа што ширум светот се врежало мислење дека и девојчињата имаат право на онсовно орбазование. Но, сепак, сеуште 64% од неписмените се жени.“

Има земји кои посебно жилаво се спротивставуваат на тоа на женските деца да им се пружи можност да се образуваат. Барбара Малина, референт за образование во германската комисија на УНЕСКО вели:

“Посебно неповолни односи има во арапските земји, во јужна и западна Азија, како и впо Африка, јужно од Сахара. Видлив напредок во последно време остварија Авганистан, Бенин, Чад, Гамбија, Гвинеја, Индија, Мароко, Непал и Јемен. “