1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Избран новиот директор на Дојче веле

Фридерике Шулц/ Жана Ацеска15 март 2013

Петер Лимбург ќе биде новиот интендант на Дојче веле. Тоа го соопшти претседателот на Советот на Дојче веле, Валентин Шмит по седницата во Берлин.

https://p.dw.com/p/17yjn
Фотографија: picture-alliance/dpa

Со 14 гласа „за“, еден „против“ и двајца воздржани, 17-члениот Совет на Дојче веле со големо мнозинство во првиот круг гласање го избра сегашниот директор на Информативната програма на приватната станица „ПроЗибенСат1 ТВ Дојчланд“ за наследник на досегашниот интендант на ДВ Ерик Бетерман, на предлог на Комисијата за избор.
Мандатот на Ерик Бетерман (68) завршува на 30 септември. Тој на чело на германската информативна куќа со програма за странство, на која и‘ ја даде новата ориентација, е од 2001 година.
„Петер Лимбург со себе донесува најдобри претпоставки за зајакнување на Дојче веле како модерен мултимедијален медиум и со тоа подобрување на меѓународното медиумско присуство на Германија. Тој не само што е првокласен новинар со меѓународно искуство и извонредни јазични познавања, туку е и признат медиумски менаџер“, изјави Валентин Шмит, претседател на Советот на Дојче веле.
Новиот интендант натамошно ќе ја развива програмската понуда на јазици на Дојче веле
52-годишниот Лимбург му се заблагодари на Советот на Дојче веле за големата доверба.
„За мене е голем предизвик во идните години значајно да содејствувам на формирањето на сликата за нашата земја во светот, на што ќе се посветам со сета сила. Програмите на Дојче веле уште од мојата младост, која ја поминав во странство, спаѓаат во богатството на моето искуство. Сакам заедно со соработниците на Дојче веле натамошно да го развивам новинарскиот профил, програмското мноштво на јазици и мултимедијалноста на куќата. Интензивирањето на соработката со АРД и ЦДФ е натамошна цел која си ја поставив“, изјави новиот интендант.
Петер Лимбург по воениот рок студирал правни науки во Бон, каде во 1987 година го положил првиот државен испит. Од 1988 до 1989 година волонтирал во Германската новинска телевизиска агенција ДФА во Бон и во Лондон. По првата станица како репортер во Германската Демократска Република со седиште во Лајпциг, тој од 1990 година работи во Брисел како дописник од Европа и НАТО за ДФА и САТ.1. Во 1996 година го презел бирото на ПроЗибен во Бон, во 1999 година станал главен ко-уредник на Н24 и шеф за политика на ПроЗибен, во 2001 дополнително и на САТ.1. Во 2004/2005 и 2008/2009 Лимбург работел како раководител на Поол ТВ, заедничко претпријатие на приватните станици во Берлин. Меѓу 2008 и 2010 година тој е единствен одговорен уредник на програмата на Н24. Од 2008 работи како главен модератор на САТ.1 вестите, а од 2010 година е директор на Информативната програма на „ПроЗибенСат.1 ТВ Дојчланд“.
Лимбург е претседател на жирито за доделување на Наградата за медиуми на германскиот Бундестаг, член на жирито на наградата Аксел Шпрингер за млади новинари, советник во публицистичката комисија на Германската бискупска конференција и член на раководството на Малтешката диоцеза. Роден во Бон, Лимбург растел во Рим, Париз, Атина и Брисел. Тој е женет и е татко на три деца.

Erik Bettermann
Ерик БетерманФотографија: DW