1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Избрани четворица членови на Судскиот совет

Александар Чомовски 5 октомври 2007

Парламентот во Скопје ги изгласа кандидатурите на четворица од петте потребни членови за докомплетирање на Судскиот совет.

https://p.dw.com/p/Bmvk
Македонското собраниеФотографија: picture-alliance/ dpa

Собранието на Македонија избра четворица од петте членови на Судскиот совет. Еден од двајцата предложени кандидати на претседателот Бранко Црвенковски не ја доби поддршката, а беше критикуван и од ДУИ.

Самата дебата до доцна синоќа внесе нова пратеничка нервоза. Острата полемика предизвика и критика меѓу позицијата и опозицијата.

Гласањето за новите четворица членови на Републичкиот судски совет го бојкотираше ДУИ.