Избор на претседател на српскиот парламент
22 мај 2007Реклама
Српскиот парламент денеска избира свој претседател. Според најавите од пратеничките групи единствениот кандидат за функцијата Оливер Дулиќ ќе ја добие потребната подршка . Тој беше предложен од страна на Демократската Партија на српскиот претседател Борис Тадиќ а за него треба да гласаат и пратениците на коалиционите партнери во новата српска влада Демократската партија на Србија на премиерот Воислав Коштуница како и оние од Г 17 плус.