1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изборната трка продолжува

Александар Чомовски 20 мај 2008

САД и Европската унија остануваат на ставот дека на Македонија и се потребни фер, демократски и слободни избори. Политичките партии во земјата продолжуваат со своите редовни активности во предизборната кампања.

https://p.dw.com/p/E2sx
Во трка по гласовиФотографија: AP

Амбасадата на САД во Македонија до медиумите испрати демант во врска со инволвираноста на американски државјани во кампањите на одредени партии или кандидати на предвремените избори во Македонија. САД не поддржуваат ниту една партија во изборната трка во Македонија, се вели во соопштението.

Оваа соопштение уследи откако американскиот аналитичар и албански лобист Јануш Бугајски се вклучи директно во промоција на Демократската партија на Албанците во Македонија. Американската амбасада наведува и дека единствено слободни и фер избори ќе и помогнат на Македонија да ги оствари своите аспирации за Евроатланско интегрирање.

Сличен став има и Европската унија. Од Брисел уште еднаш пристигна предупредување до Македонија дека само демократски и фер избори се гарант за европската перспектива во земјата.

Во меѓувреме сите политички партии ги продолжуваат своите редовни изборни активности и оддржуваат митинзи во градовите ширум земјата. Дополнителен проблем со кој се соочени некои од партиите како Либералната партија, НСДП или Социјалистичката партија е нивното раслојување и одвојувањето на дел од членството од јадрото на партиите. Познавачите на политичкиот амбиент во Македонија пак вниманието го вратат кон зад кулисните игри. Имено веќе е познато во јавноста дека премиерот Никола Груевски не прифаќа ТВ дуел со лидерот на опозициониот блок Радмила Шекеринска.