1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Избори во Украина

31 октомври 2004

Во Украина денеска се одржуваат претседателски избори. Изборната трка во втората по површина земја во Европа се одвиваше исто толку напрегнато, колку нефер. Западните набљудувачи го критикуваат едностраното мешање на државниот апарат. Во истражувањата на јавното мислење, актуелниот премиер Виктор Јанукович и кандидатот на опозицијата Виктор Јушченко, водат мртва трка. Првиот се залага за повторно прибл

https://p.dw.com/p/AcKE
Избори во Украина
Избори во УкраинаФотографија: AP

ижување на земјата кон Русија, вториот сака да ја поврзе Украина повеќе со НАТО и ЕУ. Инаку, на изборите се пријавија вкупно 24 кандидати. Доколку денеска ниту еден не добие апсолутно мнозинство гласови за да го наследи актуелниот претседател, Леонид Кучма, во ноември ќе биде одржан и втор круг гласање.

Западните посматрачи сметаат дека предизборната кампања беше нецивилизирана. Таа во секој случај беше недемократска. Чудо е што кандидатот на опозицијата, Виктор Јушченко, воопшто се одржа во трка со кандидатот на владеачките структури, Виктор Јанукович. Јанукович имаше поддршка од сите државни медиуми, сите државни структури беа со него.

Сето тоа не вреди – две третини од 47-те милиони сакаат конечно промена, покажуваат анкетите. Јанукович не ја носи таа промена. Тој повеќе е претставник на политиката која оди чекор по чекор назад – во насока на Русија, државна контрола врз политичките институции, општество и медиуми. Без оглед на резултатите од изборите, поголемиот дел Украинци не сака таква политика.

Инаку, предизборната кампања беше сосема во советски стил. Русија стави јасно до знаење дека го поддржува Јанукович. Претседателот Владимир Путин ги фалеше стопанските резултати постигнати додека Јанукович беше на чело на украинската влада. Но, тој стопански пораст е на стаклени нозе. Доколку наскоро тешката индустрија не биде конкурентна на западниот пазар, порастот ќе се урне како кула од карти. На изборите Москва ништо не му препушта на случајот, зашто Украина за нејзе е од големо значење – таму оди третина од рускиот извоз на нафта и гас и таму Русија ги купи најпрофитабилните претпријатија.

Претседателските избори се од суштинско значење за Украина. Европската унија ќе разговара со Киев како со рамноправен партнер дури откако таму ќе дојде до смена на политичката елита и кога ќе се појави партнер којшто ги почитува човековите права и основните европски вредности. Со досегашниот претседател, Леонид Кучма тоа не беше случај, и затоа Брисел се дистанцираше. Изборот на Јушченко би значел и шанса за конечно простување од старата елита со советски рефлекси.