Избори во Словенија
11 ноември 2007Реклама
Во Словенија почна вториот круг претседателски избори на кои како против кандидати настапуваат поранешниот конзервативен премиер Алојз Петрле и социјалдемократот Данило Турк. Според последните анкети во предност на денешните избори е Турк. Идниот шеф на државата, кој во голема мера има репрезентативна фукнкција ќе биде третиот претседател на Словенија, откако беше прогласена независност во 1991 година. На 1 јануари 2008 Словенија го презема и претседателството со ЕУ.