Избори во Египет во април сепак нема да има?
6 март 2013Египетскиот претседател го наведе 22 април како термин за одржување парламентарни избори. Гласањето требаше да се изведе во четири етапи, од кои последната би се одржала во јуни.
Денешната одлука на судот со која се одлагаат изборите ја продлабочува политичката криза во земјата. Во Египет нема Долен дом на парламентот уште од летото. Врховниот суд во јуни 2012 година го распушти парламентот (фото горе) поради формална грешка во изборниот закон. Оттогаш, задачите на парламентот ги извршува таканаречениот Шура-совет, односно Горниот дом на парламентот.
Опозицијата во Египет минатиот месец повика на бојкот на парламентарните избори затоа што верува дека тие не смеат да се одржат во ек на протестите против претседателот Мохамед Мурси и безредијата кои траат со ендели.
Инаку, Владата на Египет има право на жалба на денешната судска одлука.