1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изборите во Србија со моќни демократски сили

8 јануари 2007

На тема Косово зборуваше германската канцеларка Ангела Меркел во синоќешното интервју за Втората германска телевизиска програма. Според неа, не треба да се донесуваат избразани заклучоци, туку најнапред да се сочека исходот на изборите во Србија, како и платформата што ја подготвува посредникот на Обединетите нации Марти Ахтисари:

https://p.dw.com/p/Ac0H
Меркел и Буш согласни за Блискиот исток
Меркел и Буш согласни за Блискиот истокФотографија: AP

Според германската канцеларка Меркел, треба да се направи се изборите во Србија да завршат со моќни демократски сили:

„Преку НАТО и покажавме на Србија дека сакаме да соработуваме, а тоа ќе го правиме и од страната на Европската унија. Важно е, од една страна, да се задоволи желбата на Косоварите за независност, но од друга, тоа да не се случи по цена на немири во Србија и слабеење на демократјата. Тоа ќе може да се направи по изборите во Србија и предлогот на Ахтисари. Каков ќе биде неговиот предлог не фер да зборувам. Можам да кажам што мислам јас, но сигурно нема да биде помала независност„.

Зборувајќи за задачата што ја доби Германија како претседавач на Европската унија во врска со уставот, Меркел го изнесе следниов став:

„Не можеме да почнеме од почеток и да свикаме нов конвент. Тоа не е можно. Нашата задача сега не е да предложиме нов договор на крајот од нашето претседателство, туку да кажеме како натаму. Сосема е јасно дека Европската унија не може да функционира ако не добиеме устав во кој ќе кажеме, на пример, како ќе изгледа Европската комисија. Или потребата од министер за надворешни работи која јасно се покажа со оглед на меѓународните кризи. Моја и задача на министерот за надворешни работи е да видиме што е она што не им се допаѓа на земјите членки, а што е она што мора да остане„.

Инаку, Ангела Меркел по четири недели ќе патува во регионот на Блискиот исток, но како што рече, тоа патување пред се има економска основа. Значи не станува збор за кризен менаџмент, „но сигурно сме заинтересирани да заживее работата на бслиско-источниот квартет„:

„За тоа разговарав и со американскиот претседател. Задоволна сум што Американците ја прифатија иницијативата и таму кон крајот на неделава ќе патува министерката за надворешни работи. Потоа ќе видиме што може да направи квартетот. Имаме единствена шанса, со оглед на контактите меѓу израелскиот премиер Олмерт и палестинскиот претседател Абас, да тргнеме напред. Едно меѓутоа, е јасно: Америка, Европа и другите, сите можеме да вложиме напори, но ако не се успее во тоа да се привлечат силите во регионот, сами не можеме да успееме„, рече Меркел.