ИАЕА, Северна Кореа соработува
31 јули 2007Реклама
Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека Северна Кореа целосно соработува со тимот инспектори кои го набљудуваат процесот на затворање на најголемата нуклеарна постројка во земјата. Десетчлениот тим инспектори од агенцијата, од 12 јули се наоѓаа во Северна Кореа во мисија на набљудување на затворањето на реакторот Јонгбјон.