1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто поранешните пушачи се дебелеат?

Јудит Хартл/Марта Таневска5 септември 2013

Кој ќе престане да пуши почнува да се дебелее. Долго се нагаѓаше што би можела да биде причината. Сега се чини дека е разјаснето. Причината не е претерано конзумирање чоколадо или сладолед.

https://p.dw.com/p/19a2z
Фотографија: picture-alliance/dpa

Пушењето не е здраво. Тоа е така, без никакви исклучоци. Логичен заклучок би било да се престане да се пуши. Бројни пушачи со задоволство би го направиле тоа, но не е така едноставно. Една од причините зошто многу не престануваат да пушат е стравот од дебелеење. И се чини дека е оправдан. Околу 80 отсто од пушачите кои одлучуваат да престанат да пушат се дебелеат просечно седум килограми. Тоа е многу и фрустрира. Причината не е тоа што некои наместо да пушат јадат многу чоколадо. И поранешните пушачи кои конзумираат еднаква или помала количина на храна, вклучувајќи и чоколадо, сепак се дебелеат кога ќе престанат да пушат.

Се менува флората на цревата

Швајцарски научници тврдат дека причината дефинитивно не се калориите. Тие велат дека причината е промена на флората на цревата. Во нивната студија учествуваа пушачи, непушачи и личности кои штотуку престанале да пушат. Научниците во универзитетската болница во Цирих девет недели ги анализираа примерите од столицата на испитаниците и утврдиле: додека кај непушачите и пушачите ништо не се менувало, кај личностите кои престанале да пушат се случувале драматични промени. Одеднаш во цревата преовладувале бактерии кои доминираат и во цревата на дебелите луѓе. Тие бактерии припаѓаат на фамилијата која се вика протеобактерија и бактероидетес. Луѓето кои престанале да пушат веднаш почнуваат да се дебелеат иако не земале ни калорија храна или пијачка повеќе од порано, вели во разговорот за Дојче веле водачот на студиите, Герхард Роглер: „Таа нова флора на цревата можевме да ја докажеме уште шест месеци, а колку долго останува во таа состојба, тоа не го знаеме, исто како што не знаеме дали може да се преврти тој процес“.

06.02.2013 DW fit und gesund Fakt Darm
Причината за дебелеење кај непушачите е промена на флората на цревата

Одредени бактерии во флората на цревата во состојба се особено ефикасно да ја преработат енергијата од храна и да ја спакуваат во масните клетки. Поради тој ефект луѓето се дебелеат. Американските научници од медицинскиот центар Седарс-Синај во Лос Анџелес утврдиле дека составот на флората на цревата начелно влијае на тоа дали некој е дебел или не. Кај дебелите луѓе одредени бактерии во цревата под одредени услови им го нанесуваат тоа зло. Во една студија која е во тек научниците сега испитуваат дали е можно да се елиминираат бактериите кои ги дебелеат луѓето.