1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЗОИ – реакции

5 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BClE

Рускиот претседател Владимир Путин ја поздрави одлуката на меѓународниот Олимпски Комитет за одржување на Зимските олимписки игри во 2014-та во градот Сочи како признание за целата земја. Тој нагласи дека е сигурен оти Русија ќе ги организира Олимписките игри на највисоко ниво. Во меѓувреме германскиот Олимписки Комитет најави дека уште овој месец ќе ги разгледа шансите за кандидирање на Минхен како место за одржување на следните Зимските Олимски Игри во 2018-та година. Повод за ваквите размислувања е поразот на австрискиот град Салцбург во натпреварот со Сочи за оние во 2014-та.