1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЗНМ бара професионалност и одговорност на новинарите

СН/ЖА/макфакс2 октомври 2012

По објавувањето на информациите за наводното убиство на Македонец во Солун, Советот на честа при Здружението на новинари на Македонија повика на професионално и етичко однесување и почитување на Кодексот на новинарите.

https://p.dw.com/p/16IjZ
Фотографија: Fotolia/picsfive

Во реакцијата на ЗНМ на објавувањето на информациите за наводната смрт на етнички Македонец во Солун се вели:

„По неколку дена ниту една надлежна институција во Македонија и Грција не ја потврди информацијата што ја пласираше јавниот сервис, со што стана јасно дека немало никакво убиство и дека станува збор за невистина и дезинформација, со која јавноста е доведена во заблуда, предизвикан е немир меѓу луѓето, нивните чувства се повредени. Зарем на уредници и медиуми со децениско искуство треба да им се укажува што и кој е официјален извор на информација и колку ’тежи’ вест која потекнува од објава на социјалните мрежи?“, прашуваат од Советот на честа.

„Со ваквиот однос, кој е непрофесионален, неетички и спротивен на одредбите од Кодексот на новинари, самите новинари ја девалвираат својата професија и ја спуштаат на ниво, јавноста во чиј интерeс работат да не им верува.

Медиумите и новинарството имаат посебна и важна улога во општеството. Оваа професија не трпи несериозен однос, импровизација и непрофесионалност, како што тоа е направено во случајот со објавувањето на веста за наводното убиство на македонскиот студент во Солун“, велат од советот.

Затоа од Советот на честа апелираат на одговорен однос и почитување на новинарските правила и стандарди, наспроти објавувањето на непроверени и невистинити информации во трката по ексклузивност и сензационалност, без да се размислува за штетата што при тоа се прави.