1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Злато“ и светски рекорд за германската штафета

1 август 2006

На Европското првенство во пливање, што се одржува во Унгарија, штафетата 4 пати по 100 метри слободен стил победи со светски рекорд од 3:35,22 минути

https://p.dw.com/p/AeiF
Никол Хецер освои сребрен медал
Никол Хецер освои сребрен медалФотографија: AP

Времето што го постигнаа во Будимпешта Германките Петра Далман, Даниела Гец, Брита Штефен и Аника Либс е за 72 стотинки подобро од досегашниот, две години стар светски рекорд, на австралиската штафета од олимписките игри во Атина. „Ние сите четири денеска испливавме една супер-трка и го подобривме светскиот рекорд не за малку, туку ненормално убедливо“ – рече Петра Далман. „Воопшто не сметав на ова. Всушност, не знам ни што уште треба да кажам за ова...светски рекорд – тоа навистина беше фантастично“ – беа зборовите на Даниела Гец.

Брита Штефен, пак беше задоволна од концептот секоја пливачка сама да си определи по кој редослед ќе плива во штафетата: „Мора добро да се чувствуваш, тогаш може да произлезе и добро време. Тоа е подобро, отколку секој да е незадоволен оти не е на вистинската позиција“. Аника Либс гледа напред – и со големи очекувања: „Сите ние имаме уште доволно работа и зошто треба да славиме веднаш на првиот ден?!“

Инаку, на стартот на првенството Никол Хецер освои сребрен медал на 400 метри мешано.