1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зимскиот ред на летање без позначајни промени

6 ноември 2010

Стартуваше зимскиот ред на летање кој не донесе позначајни промени за патниците од Македонија. Нема нови линии ниту нови авиокомпании. Најмногу разочарува што нема пад на цените на авиобилетите.

https://p.dw.com/p/Pw4m
Аеродромот во СкопјеФотографија: Petr Stojanovski

Десетина авиокомании од кои само две домашни, останатите странски покриваат 15 дестинации. За патникот од Македонија и натаму Белград, Загреб и Виена се портите кон Европа. Невозможно е да се стаса до некоја подалечна дестинација без преседнување од еден во друг авион на некој од поголемите европски аеродроми. Новиот зимски ред на летање не донесе позначајна промена. Нема нова авикомпанија, ниту нова дестинација. Ваквата состојба не ги изненадува познавачите на авиобизнисот.

Skopje Flughafen Aleksandar Veliki
Аеродромот во СкопјеФотографија: Petr Stojanovski

Николас Кимерле, поранешен директор на некогашниот редовен авиопревозник МАТ има објаснување зошто во Македонија не доаѓаат големите авиокомапнии како Бритиш Ервејз, Луфхтанза, Ер Франс а ги нема ниту ефтините ниско- буџетни авиопревозници. „Големите авикомпании имаат помали компании кои се членки на нивните сојузи и тие за нив го работат овој пазар. Ниско буџетните пак не доаѓаат оти во Македонија трошоците, аеродромски, за гориво се најголеми во регионот“.

Македонското небо е отворено, законите што го уредуваат авиосообраќајот либерализирани, воздухопловните правила усогласени со европските. Сепак патувањето со авион од и до Македонија е се’ уште компликувано, бавно и скапо.

Двете домашни авикомпани Ер лифт и Мат ервејз функционираат како чартер превозници. Аднан Џаферовски од Ер лифт е задоволен од постигнатото. Вели дека за нив е најважна безбедноста на патниците, нови дестинации ќе отвораат постепено. „Во моментов има нови европски регулативи кои ние ги применуваме во Македонија. Сериозна авиокомпанија не значи само број на летови туку квалитет што нуди безбедност. Сигурноста е наш приоритет“.

Ги нема големите компании, ниту ниско-буџетните авиопревозници

Mazedonien Land und Leute Alexander der Große Flughafen in Skopje
Аеродромот во СкопјеФотографија: Petr Stojanovski

Авантурата на македонското небо на Герман Вингс кој се обидуваше да ги направи пионерските чекори на ефтини авиобилети за патниците од Македонија траеше кусо. Леташе на релација Скопје-Келн-Скопје, но си замина по само една сезона. Гигантите како Бритиш, Луфтханза се повлекоа пред налетот на безбедносната криза пред десет години и повеќе не се вратија. За споредба Софија, Солун, Приштина нудат и ефтини авиобилети и директни прекуокеански летови.

Од Скопје до Берлин повратен билет чини 290 евра, од Белград цената е околу 150 евра. Од Скопје до Рим и назад се лета за 200 евра, од Софија за 90. Од Скопје до Лондон нема директен лет, билетот чини 220 евра, од Приштина 170 евра директна линија. Унгарската авиокомпанија Виз Ер за 25 евра лета од Белград за Лондон и Дортмунд.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска