Зимска ракометна бајка
29 јануари 2007По почетните натпревари одиграни со променлива форма и успех и по поразот од Полска , Германија оствари четири победи едно подруго . Најзначајна беше онаа во саботата против силната репрезентација на европскиот првак Франција со 29 спрема 26 . Со неа домаќините предреме се пласираа во четвртфиналето а драматично ја засилија и самодовербата
“Да сензација е како репрезентацијата играше , како се бореше , како ги надмина сите проблеми. Сега ја достигнавме нашата прва цел-четвртфиналето и можеме да одиме натаму” – истакна по мечот со Франција сојузниот тренер Ханјре Бранд .
Во исто темпо германската репрезентација го одигра и вчерашниот меч со Исланд :
“Повторно бевме целосно мотивирани и сакавме стопроцентно да го добиеме натпреварот . Секако причината за тоа лежи во одбраната и силниот голман , поради кои стигнавме до многу лесни голови и ја конторлиравме играта ”-изјави по мечот организаторот на играта Михаел Краус .
Германија е прва во осминафиналната група, посакуваната зимска бајка полека се обистинува дури и за резервираниот сојузен трене Бранд :
Она што се случува на ова првенство е сензационално . За такво нешто може само да се сонува”
Викендов Германецот Михаел Урман ја прослави втората победа во карирата во скијачко скокање. 28 годишниот Баварец , на скокалницата во Оберсдорф со скокови од 140, 5 и 129 метри го остави зад себе водечкиот во светскиот куп , Андерс јакобсен од Норвешка. Ова е прва победа на еден германски ски скокач во Светскиот куп по цели три години:
“Веќе знаев дека можам подобро да скокнам отколку при последните резултати . Но воопшто не верував дека можам и да победам” – изјави Урман по победата во Оберсдорф.
Уште еден успех на Германија во зимските спортови . Андре Ланге и Кевин Куске ја освоија титулата светски првак во боб двоесед . На натпреварувањето во швајцарскиот Сент Мориц , германскиот двосед ги остави тимовите на Швајцарија и на Италија . Станува збор за шеста титула Светски шампион за Андре Ланге кој истотака е и двоен олимписки победник.
Од тенисот пак , швајцарецот Роже Федерер докажа дека е актуелен крал на овој спорт . Тој во супериорен стил го освои првиот Грен слем турнир годинава. Федерер со три спрема нула во сетови во финалето во Мелбурн го победи извонредниот чилеанец Фернандо Гонзалес , кому ова му беше прво Грен сем финале. 25 годишниот Федерер кому ова му беше десета гренд слем титула во кариерата , во негов стил џентлменски , причините за победата ги посочи во искуството и секако среќата :
Добро, верувам , дека тоа се должи на гоелмиот број турнирски победи , одиграни натпревари , на тоа што човек знае , што да направи во најважните моменти , како да одигра и каков удар да изведе. Потребна е понекогаш и малку среќа а денеска секако повторно имав среќа ” -истакна Федерер.