1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зимата повторно прави проблеми на Франкфуртскиот аеродром

ЖА/дпа17 март 2013

Снегот и мразот предизвикаа анулирање на бројни летови и доцнења. Пистите пред полетувањето мораа да бидат расчистувани, што се предизвикани доцнења на летовите.

https://p.dw.com/p/17zDW
Фотографија: picture-alliance/dpa

Зимските услови, мразот и снегот, повторно предизвикаа пореметувања во авионскиот сообраќај на аеродромот во Франкфурт. До денеска попладнето (17.03.2013) беа откажани најмалку 89 летови, како што соопшти портпаролот на аеродромот.

Авионските писти на аеродромот денеска претпладне мораа постојано со механизација да бидат расчистувани од снегот. Бидејќи освен тоа секој авион мораше да биде третиран со посебни хемикалии, за да се отстрани мразот, дојде до значајни доцнења во редот на летовите.

Минатиот вторник на аеродромот во Франкфурт беа откажани две третини од вкупно 1.200 летови. Бројни патници мораа да ја поминат ноќта во редиците за чекање. Нивниот број беше проценет на 2.500 до 3.000. Повеќе летови отпаднаа и во средата.